| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе се родило откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа

Брачна двојка од Њујорк загинала во сообраќајна несреќа на пат кон болница, но, за среќа, лекарите успеале да го спасат нероденото бебе, јавува американската телевизија „Ен-Би-Си“.

Несреќата се случила вчера откако во таксито со кое Нахман (21) и неговата бремена сопруга Раизи (21) Глаубер оделе кон породилиштето удрил друг автомобил.

Кога биле донесени во болница, двајцата сопружници биле прогласени за мртви, но лекарите успешно го извадиле бебето. Несреќата ја преживеал и таксистот, а возачот и совозачот на автомобилот кој удрил во нив избегале од местото на несреќата.

Настраданите биле припадници на еврејската заедница во Бруклин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top