Претседателот на Владата Никола Груевски им го честита на граѓаните на Република Македонија Денот на независноста 8 Септември, за кој вели дека е празник кој претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеат со мислата за слободна и самостојна држава, но и ден со кој се празнува и мудрата одлука на огромното мнозинство граѓани кои заокружија ДА и се определија за самостојна Македонија.
– Оваа година се одбележуваат 23 години од независноста на државата, години низ кои граѓаните покажаа зрелост, мудрост и капацитет, години на предизвици, на успеси и премрежја, но и време низ кое покажавме како држава дека умееме да се носиме со големата одговорност да се управува со сопствената судбина, и да се носат самостојно
одлуки. Денес Република Македонија има цврсто зацртани цели и визија. Нашата најголема задача е да го подобриме животот на граѓаните, да отвораме нови работни места, и да придонесеме за економски развој и општествен напредок кој државата ќе ја направи посилна, а граѓаните посреќни и сигурни. Тоа е задача во која сите треба да придонесуваме,
но и наша обврска за идните поколенија, пишува во честитката на премиерот Груевски.
Во честитката се додава дека овој празник треба да не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и да ни даде сила и мудрост да продолжиме понатаму.
– Меѓусебното почитување и единството е тоа што може да не однесе понапред и кон побрзо остварување на овие наши цели, бидејќи единството гради иднина. Секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но она што е најважно е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна
Македонија, истакнува Груевски во честитката по повод 8 Септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска
-
На 8 Септември ќе се пее на албански и на ромски: Владата не кажува колку ќе се потроши за прославата за Денот на независноста
-
Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)
-
Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви