| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Косовец баран од Интерпол

lisici

Вчера во 10,40 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Р.Македонија, поради претходно распишана потрага од 8 јули од СМПС-Интерпол, лишен од слобода е З.Б.(46) од Косово, со косовска патна исправа.

Истиот се барал со меѓународна потрага распишана од Интерпол – Загреб во врска со кривично дело злоупотреба на наркотични дроги.

Во 14,00 часот лицето е предадено на ПС-Карпош за понатамошна постапка, а од страна на надлежен судија му е изречена мерка екстрадициски притвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top