| четврток, 6 декември 2018 |

Свечена академија по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, вечерва ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

На академијата е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Свечената академија ќе се одржи во Македонскиот народен театар со почеток во 19:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top