Како што објави „Охрид1“ двајца разбојници маж и жена пред околу половина час влегле во продавницата за текстил „Пренди“ во центарот на Охрид и според се’ уште неофицијално потврдени информации додека ги ограбувале торбите од вработените во продавницата една продавачка пружила отпор при што жената разбојник и нанесла физички повреди и таа е пренесена во Општата болница во Охрид. Разбојниците се во бегство, а детали за овој немил настан очекуваме да соопштат од СВР – Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


