| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе стави вето за пристап на Бугарија и на Романија во шенген-зоната

Германија ќе го спречи стапувањето на Бугарија и на Романија во шенген-зоната кога на 7 и 8 март министрите за внатрешни работи и за правда ќе се состанат да зборуваат за ова прашање, изјави германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во интервју за „Шпигел“

Фридрих рекол дека Германија, ако е потребно, ќе стави и вето во случај Романија и Бугарија да инсистираат на гласање. Причината за таквиот потег, според министерот, е големата стапка на корупција во овие земји.

– Бугарија и Романија, кои влегоа во ЕУ во 2007 година, требаше посериозно да се позанимаваат со корупцијата. Секој граѓанин на ЕУ може да живее во секоја држава-членка ако работи или студира, тогаш е добредојден. Но, ако доаѓа само да земе државна помош и затоа ја крши слободата на движење, треба да биде спречен – вели германскиот министер.

Германија, исто така, е загрижена дека од идната година ќе се зголеми бројот на имигранти од овие земји, што ќе го наруши нивниот систем за социјална заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top