Американката Серена Вилијамс и Каролин Вознијацки ќе играат во женското финале на последниот Гренд слем тениски турнир сезонава УС Опен.
Американката до своето деветто финале во Њујорк стигна по само еден час игра во полфиналниот меч против Русинката Екатерина Макаровакоја ја совлада со 6-1 и 6-3 во сетови.
Серена Вилијамс во финалето ќе игра против Каролин Вознијацки која место во финалето обезбеди откако нејзината противничка Шуаи Пенг од Кина го предаде мечот во вториот сет, при резултат 7-6, 4-3.
Вилијамс ќе го игра своето 22-ро Грен слем финале, а ќе се обиде да ја освои 18-та титула, додека нејзината противничка Вознијацки во второ финале на УС-Опен ќе се обиде да за прв пат да триумфира, откако во првото 2009 година беше поразена од Ким Клајстерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.