Околу 5.000 лица од неодамна почнаа да ги следат бесплатните курсеви по англиски јазик наменети за невработени лица кои активно бараат работа. Курсевите ги организира владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. Целта пред се е да им се помогне на членовите, но сите останати кои се заинтересирани да ги надградат своите знаења и да биде поконкурентни на пазарот на трудот, вели генералниот секретар на партијата кој денеска го посети часот што се одржуваше во скопската населба Аеродром.
-ВМРО-ДПМНЕ го следи примерот на современите политички партии од Европа и светот кои инвестираат во надградба на интелектуалниот капацитет на сопственото членство и на поддржувачите на политиките. Целта е преку овој вид на професионална надградба во делот на познавањето на странски јазици, да помогнеме нашите членови кои се невработени да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, истакна Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за тв Канал 5.
Курсевите ќе траат од шест до 12 месеци, а професорите кои ги држат часовите се членови на партијата кои волонтираат во овој проект.
Посетителите на бесплатните часови сметаат дека познавањето на странски јазик ќе им биде особено корисно при наоѓањето работа, а го поздравуваат тоа што тие се бесплатни и се добредојдени за сите оние кои немаат доволно средства за да платат часови по странски јазик.
Партијата најавува дека и во иднина ќе продолжи со спроведување проекти кои ќе им бидат во корист на граѓаните и ги охрабруваат и останатите политички партии да им понудат слични програми на своите членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)