Петмина босански рудари загинаа во рудникот за јаглен „Распоточје“ во околината на градот Зеница.
– Несреќата во „Распоточје“ е огромна трагедија за цела БиХ. За жал ги загубивме животите на петмина рудари, изјави премиерот на Федерацијата БиХ, Нермин Никшиќ.
Триесет и четири рудари беа блокирани 20 часа на 600 метри длабочина, откако два тунела во рудникот се урнаа по експлозија на гас, предизивкана од лесниот земјотрес вчера во околината на Зеница. Спасувачките екипи успеаја да ги извадат на површината на земјата 29 рудари.
Преживеаните рудари биле веднаш пренесени на испитување во болница во Зеница.
Епицентарот на земјотресот со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала бил на 53 километри северозападно од Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


