| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан договор за прекин на огнот во Украина

tviterУкраина и проруските сепаратисти потпишаа денеска договор за прекин на огнот во источниот дел на земјата, кој стапи во сила во 15 часот по средноевропско време, соопшти анонимен извор, кој е добро упатен во текот на преговорите.

Тоа се случило за време на преговорите на Контакт групата за Украина кои се одржаа во белорускиот главен град Минск.

Проруските сили, исто така, ја потврдија информацијата на социјалната мрежа Твитер. Договорот содржи 14 точки и е потпишан по двочасовни преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top