| четврток, 6 декември 2018 |

Не ги сопираат ниту железнички рампи- Видеа од МЖ

1409919617-rampaDracevoЈавното претпријатие МЖ Инфраструктура апелира возачите да ја почитуваат поставената железничка сигнализација со што би се избегнале сообраќајните несреќи кои во последно време се позачестени.

Претпријатието денеска информира дека преку безбедносни камери се евидентирани случаи на непочитување на железничката сигнализација кај железничката пруга во Драчево од страна на возачи.  Снимките се објавени на веб страницата www.mzi.mk на МЖ.

Оваа активност е дел од кампањата за заштита и безбедност во сообраќајот промовирана од страна на МЖ Инфрастуктура со цел зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top