Заедничките воени вежби на Киев и НАТО во Украина и реториката која ја користат лидерите на Алијансата на средбата на високо ниво во Велс, претставуваат закана за мировниот процес во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението, кое е објавено откако Киев и проруските сепаратисти постигнаа договор за прекинна огнот, се наведува дека планираните маневри овој месец ќе доведат до „зголемување на тензиите и ќе бидат закана за забележаниот напредок во мировниот процес во Украина“.
На средбата на врвот било донесено решение за придвижување на инфраструктурата на НАТО „кон исток“ и зајакнување на военото присуство на Алијансата во близина на руската граница, се додава во документот.
Руската поцизија е дека „овие планови се подготвени одамна, а укринската криза била само повод за почеток на нивна реализација“. Освен тоа Москва смета дека политиката на НАТО е диктирана од Вашингтон и „европските јастреби“.
Конкретните решенија од средбата во Велс, исто така, ќе бидат ставени на детална анализа од страна на руските дипломати и ќе биде проверено дали тие се согласно основачкиот акт НАТО-Русија и другите договори од областа на европската безбедност, нагласи руското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


