| четврток, 6 декември 2018 |

Мигот на Давутоглу

AKP chooses Davutoglu as Erdogan successor

Новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, избра лојален премиер. На 10 август, Ердоган стана првиот директно избран шеф на државата со поддршка од 52 проценти од гласачите. На 27 август, тој даде оставка од претседателската позиција во Партијата на правдата и развојот (ППР) на конгрес во Анкара. Неговиот внимателно избран наследник (и министер за надворешни работи), Ахмет Давутоглу беше потоа избран за нов лидер на ППР.

Ердоган ја објасни својата визија за „нова Турција“ во прошталната реч пред илјадници партиски членови. Многу од идеите веќе се добро познати: список на неспорните успеси на ПРР и плановите на Ердоган за „нова ера“, која ќе и донесе на Турција повеќе просперитет, почит и влијание во светот.

Иако улогата на претседател во моментов е само церемонијална, Ердоган стави до знаење дека тој ќе продолжи да управува со земјата до парламентарните избори следното лето. Амбицијата е тогаш да ја добие целата власт. Тоа може да се случи ако ПРР добие доволно места во парламентот, за да може самостојно да донесе нов устав.

Досега Ердоган профитираше онака како што се поларизираше општеството (половината избирачи го презираат заради неговата посветеност како муслиман сунит). Од 2002 до денес, тој самиот освои девет изборни победи. Изборот на елоквентниот Давутоглу може да изгледа како противречност. Професорот кој стана дипломат е критикуван заради водењето на неговата политика на „нула проблеми со соседите“. А 49-те службеници во конзулатот во Мосул кои беа земени како заложници од борците на Исламската држава на почетокот на јуни, се уште не се ослободени.

Западните влади стануваат се порезервирани заради протокот на радикални борци во Сирија по „џихадистичката магистрала“ во Турција. Иако Турција го одрекува сето тоа, таа ќе биде се повнимателно набљудувана, вели долгогодишниот набљудувач Фирдевс Робинсон. Бехљул Јузкан, универзитетски професор, кој му предавал на Давутоглу, рече дека тој се гледа себеси како безгрешен, како некој кој ја создава историјата, но чии што сонувања за изградба на сунитска муслиманска држава со проширување на турското влијание на Блискот исток и на Балканот, се покажаа залудни.

Исламистичките корени и лојалноста на Давутоглу кон Ердоган му создаваат основа за лесно сожителство. Тој добро се разбира со началникот на разузнавањето, кој е доверлив човек на Ердоган – Хакан Фидан. Вети и дека ќе ја продолжи битката на Ердоган против поранешниот сојузник кој сега живее во САД, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чии инсталирани луѓе во полицијата и во судскиот систем беа обвинувани дека стојат зад неодамнешните обвиненија за корупција кај Ердоган и неговите пријатели. Скандалот беше стишан со смена и преназначување на позиции меѓу судии, полицајци и обвинители. Абдула Ѓул, поранешниот претседател и коосновач на ПРР; беше грубо истиснат од натпреварот за лидер на партијата. Главната опозијциска партија, како и претходно, е во хаос. Давајќи и на Турција стратешка важност, западните влади ќе продолжат да соработуваат со Ердоган.

Неговата најголема главоболка веројатно ќе биде економијата. Силниот раст, кој влијаеше на порастот на влијанието на ПРР, одеднаш опадна. Али Бабаџан, исклучително уважуваниот економист, се согласи да остане во кабинетот на Давутоглу, но само до јуни. Без него, Ердоган не може лесно да ја контролира централната банка. И ако продолжи со скапите подароци како што е „вториот канал“ под Босфорот, Турција може да влезе во уште поголеми финансиски тешкотии.

Друга слаба точка во пресметките на Ердоган се курдите. Мировните преговори со лидерот на ППКЈ, Абдула Оџалан, кој е во затвор, се движат со брзина на полжав. Неговите командантни стануваат се понеспокојни. Но Ердоган издржал и при поголеми закани, во таа смисла и обидите за преврати. Негов конкурент се уште не се појавил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top