
Италијанската „ДФ лабс интернешнел“, компанија специјализирана за системи за заштита од кибернетски напади и форензички анализи денеска отвори претставништво во Скопје.
Компанијата ќе нуди софтвер за заштита и за брзо справување при кибернетски напад со што помалку финансиски загуби на информатичкиот систем на клиентот. Потенцијални клиенти за услугата се болници, градежни компании, банки… Софтверот, пак, што ќе го нудат за дигитална форензика на системите, претежно го користат владини агенции, тајни служби, полициски органи…
Македонија, според извршниот директор на „ДФ лабс интернешнел“ Дарио Форте, е многу интересна земја, со развиен професионализам и со интересна информатичка инфраструктура.
– За само неколку месеци ја отворивме канцеларијата на „ДФ лабс интернешнел“ и почнавме со нашиот план за вработување. Позитивно сум изненаден од силните образовни темели на луѓето што ги ангажиравме. Планираме на вработените да им обезбедиме најдобри обуки со цел да ја направиме „ДФ лабс интернешнел“ лидер во оваа област и која ќе може да го опслужи европскиот, средноисточниот и африканскиот пазар, вклучувајќи ја и Македонија – изјави Форте.
Административните работи, наведе, ги завршиле за краток период и почнуваат со работа за многу пократко време од планираното. Бројката на десетмината вработени најавува дека ќе ја зголеми двојно до крајот на следната година. Почнале активности за, како што вели, ангажирање на најквалитетните умови во информатичката безбедност, а наскоро планираат соработка и со универзитетите.
Влезот на „ДФ лабс интернешнел“ на македонскиот пазар, според министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, е доказ дека инвестициските можности на Македонија се привлечни за малите и средни претпријатија со висок квалитет на услуги. Пред извршниот директор на „ДФ лабс интернешнел“ ги претставил можностите за вложување во Македонија пред една година во Италија. Договорена е посета на Македонија во тек на која италијанскиот бизнисмен се запознал со капацитетите на информатичкиот сектор од компаниите ФX3X и Космик Девелопмент, универзитетите од областа и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
– Беше убеден дека Македонија е вистинско место од каде неговата компанија ќе испорачува услуги од оваа област – изјави министерот Наумоф.
Со оваа инвестиција, смета, се потврдува дека малите и средни фирми може да донесат брзи одлуки за инвестирање во Македонија.
– Многу сум горд на инвестицијата на „ДФ лабс интернешнел“ поради уникатното техничко искуство, кое ќе биде пренесено на нашите млади и амбициозни луѓе – рече Наумоф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме


