Еден таен воен извештај на НАТО укажува дека политичката спогодба за украинската криза е неминовна бидејќи украинската војска е пред пораз од побунетиот исток на земјата. Преовладува оцената дека Киев ја прифатил понудата на Москва да преговараат за примирје и за мирно решавање на украинската криза, затоа што украинската војска доживеала сериозни порази во судирот со бунтовниците на исток и затоа што би било невозможно да се одржат изборите во Украина, кои се закажани за октомври од страна на претседателот Порошенко, доколку продолжат вооружените судири.
Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, би го намалил притисокот на Москва и би ги избегнал пожестоките санкции од ЕУ, а му понудил мировен план на Порошенко, кој го прифатил.
Тоа и доведе до расцепување на украинската власт бидејќи премиерот Јацењук го одби мировниот план, а Порошенко го прифати, бидејќи немал избор, затоа што, како што стои во тајниот извештај, кој го наведува италијанскиот весник „Ла Република“, генералите на НАТО рекле дека Украина најмногу може да посакува некаков простор за политички маневар бидејќи воено, војната што ја водеа Порошенко и неговиот министер за одбрана е загубен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


