| четврток, 6 декември 2018 |

Пет години од потонувањето на „Илинден“

ohridsko_jezero3-190909Денеска се одбележуваат пет години од бродската несреќа во Охридското езеро, во која животот го загубија 15 бугарски туристи. Бродската несреќа се случи на 5 септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот, во близина на плажата Елешец, кога потона бродот „Илинден“. На бродот се превезувале вкупно 57 лица, а беа спасени 38 туристи.

Софискиот суд во Бугарија до средината на 2015 година ќе треба да одлучи дали Германскиот регистар на бродови „Лојд“, ќе плати отштета на семејствата на 15-те бугарски туристи. Адвокатот Мартин Петров од Скопје, застапник на семејствата на загинатите бугарски туристи за Охридњуз вели дека отштетното побарување за сите 15 семејства изнесува околу 3 милиони евра. Оштетното побарување е насочено кон „Лојд“ бидејќи овој бродски регистар, во времето кога се случи бродската несреќа, беше овластен да ги врши техничките прегледи на бродовите кои пловат во македонските води. Во судската постапка за обесштетување на семејствата на загинатите не е опфатена Република Македонија и не се бара никакво обесштетување од македонските власти, бидејќи истите се огласиле дека немаат одговорност.

Капетанот на бродот, младиот Сотир Филески, беше приведен веднаш по несреќата, а истражен судија му одреди притвор. Судски епилог имаше по скоро две години и тоа во 2011 година кога Филевски доби една година затвор. Осуден беше и овластениот претставник на германската осигурителна компанија „Лојд“ Бранко Баиќ, поради несовесно вршење на проверката за техничката исправност на бродот „Илинден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top