Русија не направила ниту најмал гест за постигнување мир во Украина, обвини генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен од самитот на Алијансата во Њупорт, Велс, и повика за посилни и посурови санкции кон Русија
– Русија се бори против Украина, во Украина. Руските војници и тенкови ги напаѓаат украинските сили. Русија зборува за мир, но не направи ниту најмал гест за тој мир да биде можен- изјави Расмусен пред седницата на Комисијата НАТО-Украина, додавајќи дека Украина треба сама да одлучи како ќе ја гради својата иднина со НАТО.
– Никој не сака војна или вооружен конфликт за решавање на ситуацијата. Веруваме дека најдобро е да се најде политичко решение, а за таа цел меѓународната заедница треба да реагира негативно ако Русија продолжи да се меша во Украина- оцени првиот човек на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


