| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските сили бараат „безбеднопсна зона“ во Украина

republika doneckПроруските бунтовници во источниот дел на Украина денеска ги претставија своите предлози за прекин на огнот со украинската армија пред утрешната средба на Контакт групата во Минск.

На оваа средба, како што претходно најави украинскиот претседател Петро Порошенко по разговорите со главните лидери на НАТО во Велс, се очекува потпишување на договор за прекин на огнот, како дел од мировниот план за решавање на конфликтот во Украина.

Лидерите на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“ предлагаат формирање „безбедносна зона“, поделена на пет делови. Во секој од нив треба да бидат распоредени по 40 набљудувачи на ОБСЕ, кои ќе вршат мониторинг од три-четири стационирани и две-три мобилни набљудувачки места.

Бунтовниците, исто така, предлагаат и итно отворање на хуманитарни коридори за движење на бегалците и за испорака на хуманитарна помош во градовите од областите Доњецк и Луганск преку автомобилски и железнички сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top