| четврток, 6 декември 2018 |

Историја која го потресе светот (видео)

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Британскиот филмски архив Pathe содржи огромен број од трагичните настани кои низ историјата го потресоа светот.

На една од снимките нервозен пронаоѓач стои на врвот на Ајфеловата кула со падобран на грбот кој сам го дизајнирал. Само неколку моменти подоцна, како што е прикажано на црно-белите снимки, Франц Рахалт скока од кулата да го испроба својот нов изум – директно во смртта. Немиот филм е направен во Париз, 1912 година.

На ова видео пак се гледа драматичната сцена од падот на дирижаблот „Hindenburg“, кој се запали над Њу Џерси во 1937 година. Во несреќата животот го изгубија 35 луѓе во леталото и едно лице на земја, со што целосно е изгубена довербата во дирижаблот како безбедно превозно средство.

Во текот на Втората светска војна снимател на Pathe News и успеал да ја сними морската битка на Медитеранот во 1941 година. Ја овековечил ужасната сцена кога бродот бил погоден од торпеда од германската подморница, после што почнал забрзано да тоне, а потоа и да експлодира.

На следнововидео се гледа рагедијата во Ле Ман во 1955 година, една од најголемите во историјата на мото спортот. Пјер Левег со својот автомобил практично влета во трибините и го изгуби животот, а остатоците од возилото убија уште 83 луѓе.

„Човекот птица“ Жерар Маслин во смртоносниот скок од авион во кој падобранот не му се отвори.Трагична снимка од 1963 година.

Камерите ги документирале и убавите моменти на семејствата кои уживаат во Авио митингот Farnborough во 1952 година пред да се претворат во хаос, кога еден авион паѓа во публиката и убива 29 гледачи. Пилотот и еден патник го изгубија животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top