Страшна сообраќајка пред малку се случила пред патарината кај Петровец. Репортерот на „Прес24“, кој се најде на местото на настанот, вели дека едниот автомобил е прилично оштетен. Во него, возачот седи со крвава глава и не може да излезе надвор.
Со оглед на тоа што сообраќaјката се случила пред неполни пет минути, на местото уште нема полиција и Итна медицинска помош. Случајните минувачи даваат прва помош.
Според првичните и неофицијални информации, нема загинати.
Повеќе фото на Прес24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


