| четврток, 6 декември 2018 |

Светски видеоспот за Мики Секуловски (ВИДЕО)

Шестиот по ред официјален сингл на пејачот Мики Секуловски „Друга не попира“, доби светски видеоспот кој вчера беше промовиран на „Јутјуб“ каналот на „Скај ај ентертејнмент“. Песната е пуштена во етер на сите македонски радија, телевизии, како и на балканските музички канали.

– Среќен сум за својот шести сингл и сигурен сум дека ќе им се допадне на фановите. Тимот на луѓе со кои што работев се вистински професионалци и со нив имам одлична соработка и разбирање. Оваа песна и спот се најава за тоа што следува, односно мојот деби албум што наскоро ќе биде промовиран – изјави Мики Секуловски.

10638155_10152335180718027_914425539_n

Главен модел во спотот е Билјана Шкортова, а истиот е сниман на повеќе локации во државата, поточно кај клисурата во Демир Капија, Кавадарци и во околината на Прилеп. Во режија е на Илија Тодоровски од продукцијата „Скај ај ентертејнмент“, а музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напиша пејачката Рената Кралевска.

Последниот сингл на Мики „Како да преживеам“ беше изведен на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2014“, и беше проследен со големи аплаузи од публиката. Секуловски во моментов е ангажиран со своите настапи во клубовите низ државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top