| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами е хит во НБА (видео)

Мајами хит не запира со победи во НБА лигата и игра шампионски,, во стилот на ланската сезона кога станаа прваци. Вечерва го забележаа 14. триумф во низа, откако со 99-93 го совладаа Њујорк никс. Со новата победа Хит го израмнија клупскиот рекорд, од сезоната 2004/05, во непрекината серија успеси. Утрешниот натпревар со Минесота ќе им биде шанса да стасаат до најдобиот биланс на победи во низа, во историјата на клубот

Во „Медисон Сквер Гарден“ вечерва, на повидок беше прекин на серијата на шампионот, бидејќи Њујорк водеше со 59-45 на полувремето. Леброн Џејмс и Двејн Вејд сепак имаа поинаков план, се разиграа во вториот дел и беа лидери во новиот триумф на тимо,т со најдолга победничка серија во Лигата. Џејмс даде 29 поени, со 11 скока и 7 асистенции, а Вејд уфрли 20 поени, со по 8 скока и прецизни додавања. Кај Њујорк, кој ги доби претходните две средби сезонава, со по 20 разлика против Мајами, најефикасен беше Кармело Ентони со 32 поени. Џејсон Кид даде 4 тројки од 5 обиди и го заврши мечот со 14 поени, а Џеј Ар Смит оствари дабл-дабл со 13 поени и 12 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top