
Турски археолози во Косово откриле католичка црква од IV век, соопшти агенцијата Анадолија.
Екипа турски археолози, предводени од професор Халук Четинкаја од Универзитетот „Мимар Синан“, при ископувањата во античкотиот локалитет Улпијана, во близина на Приштина, откриле стара црква. Се смета дека црквата е со должина од околу 19 метри, а следната година се планира целосно да биде ископана.
Халук Четинкаја изјави дека при раскопувањата биле откриени и скелети на многу луѓе. При анализите на некои од скелетите било утврдено дека тие биле закопани на почетокот на V век.
Археологот посочи дека при раскопувањата биле откриени и 101 монети, што датирале од IV век.
Турските археолози својата работа во реонот на Улпијана ја почнаа во 2012 година, вo соработка со косовското Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


