Ако власта не се вразуми и не покаже волја за политички дијалог за надминување на политичката криза интензитетот на отпорот и граѓанската непослушност ќе се зголемува, најавија социјалдемократите, кои очекуваат предвремени избори.
– Ние после нашите заклучоци и нашиот разумен план искажавме подготвеност уште истиот ден а и секој ден понатаму, да седнеме во кој било формат и да разговараме преку политички дијалог за тоа како може да се излезе од оваа криза. Затоа, повикот да се вразуми власта не е повик од инает, туку е повик да излеземе од оваа криза во којашто неповратно влеговме после 24 декември. Не можам да знам што ќе направи власта, ноние остануваме подготвени да разговараме, вели Гордан Георгиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.