Вчеранаутро во периодот од 5,30 до 7,30 часот од Санџак-џамија лоцирана во скопското село Батинци, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел една метална кутија за доброволен прилог и пари.
Имено сторителот влегол внатре во џамијата, ја пронашол металната кутија за доброволен прилог која се наоѓала заштрафена на sидот, насилно ја откорнал и ја одзел заедно со парите, потоа се качил на спратот од џамијата и од друга кутија со доброволен прилог, со оштетување на бравата ја отворил и ги одзел парите од кутијата, по што преку соседниот двор избегал во непознат правец.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


