| четврток, 6 декември 2018 |

Упасен имамот на Големата џамија во Приштина

916-Shefqet_Krasniqi_JPGKосовската полиција во утринските часови го упсила Шефќет Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина.

Околу куќата на имамот имало големи полициски сили, каде што, според медиумите, се пронајдени и докази за неговата поддршка на радикалниот ислам.

Освен Красниќи уапсени се уште неколку лица, а акцијата продолжува.

Денешата акција на косовската полиција е продолжение на големата акција реализирана минатиот месец, кога беа уапсени повеќе од 40 косовски муџахедини.

Имамот Красниќи на јавноста ѝ е познат по неговите навредливи изјави за блажената Мајка Тереза, но и пофалба на првиот Косовец што загина како борец на џихадот во Сирија. Од Косово на боиштата во Сирија и во Ирак има најмалку 150 луѓе,главно млади, а досега официјалната бројка на загината е 17.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top