Министерството за внатрешни работи потврди дека на Косово денеска се приведени две лица кои одговарале на описот и се претставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
“Имено лицата одговарале на описот и пред полицијата се преставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Министерите за внатрешни работи на РМ и на Косово веќе стапија и во директен контакт. Со оглед на фактот дека лицата не поседуваат документи за потврда на идентитетот, ќе бидат направени сите неопходни проверки, а по целосното завршување на идентификацијата, МВР ќе излезе со официјална информација во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на МВР.
Исмаиловиќ и Демири се првоосоминечни во случајот “Монструм“. Јанкуловска побара тие итно да бидат предадени на македонската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба