| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентинците им вратија на Германците

Фудбалерите на Аргентина во репризата од финалето на Светското првенсто синоќа ја совладаа Германија со 4-2, на пријателскиот натпревар кој се одигра во Дизелдорф.

Стрелци за Аргентина беа Агуеро, Ламела, Фернандез и Ди Марија, а за Германија Ширле и Геце.

Поради повреди, за Аргентина не настапи Лионел Меси, а за Германија Месут Озил.

На клупата на Аргентина како нов селектор дебитираше доскорашниот тренер на Барселона, Херардо Мартино

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top