| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Шпанија до нови победи на СП

FIBA Basketball World Cup 2014

САД ја совлада Доминиканската Русија, Шпанија беше подобра од Франција. Вечерва на Светското кошаркарско најсилната светска селекција која е фаворит за медалот, САД дојде до нов триумф и тоа од 106-71. Американците ја контролираа играта за време на сите четири периоди, а најубедливо славеа во третиот кој го добија со 25-11.

Шпанија пак, со 88-64 ја совлада репрезентацијата на Франција и го осигура првото место во групата „А“. Слично како и САД, „црвената фурија“ пред домашната публика ги доби сите четири периода, а главен предводник на тимот беше братското дуо Пау и Марк Гасол кое заедно постигна 32 поени (17 постигна Марк, 15 постигна Пау). Кај Франција, најмногу се истакнаа Диот и Батум со по 11 поени.

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ

Мексико – Австралија 62-70
Филипини – Пуерто Рико 73-77
Нов Зеланд – Украина 73-61
Египет – Иран 73-88
Сенегал – Аргентина 46-81
Словенија – Ангола 93-87
Турција – Финска 77-73 (по прод.)
Србија – Бразил 73-81
Грција – Хрватска 76-65
Литванија – Ј.Кореа 79-49
Доминиканска република – САД 71-106
Шпанија – Франција 88-64

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top