| четврток, 6 декември 2018 |

40.000 кинески телефони распродадени за 4 секунди

redXiaomi започна со продажба на RedMu 1S телефон во Индија . Во продажба биле пуштени 40.000 парчиња кои се продавале за 4,2 секунди. Повеќе од 250.000 луѓе сакале да купат овој паметен телефон. Xiaomi од „само уште една кинеска мобилна компанија“ за кратко време стана еден од најпопуларните мобилни производители во светот. Бидејќи телефоните и таблетите се копија на Apple, оваа компанија е наречена “Кинески Епл”. Шефот на компанијата кој ги претставува новите производи е облечен во фармерки и црна маичка, па го нарекуваат „Кинескиот Стив Џобс”.

Телефоните на Xiaomi  се многу популарни во Кина, а следниот чекор на компанијата е ширење на меѓународниот пазар. Телефоните се достапни и во Индија, каде за оваа недела е најавен почетокот на продажбата на RedMu 1S. Компанијата се фали со ненормално голема навала за овој модел, чија цена изнесува околу 100 долари. На флеш продажбата на интернет е распродаден за само 4,2 секунди. Многу корисници останале разочарани што не стигнале да набават телефон и се лути на Xiaomi  што во продажба има пуштено само 40 000 парчиња.

Се работи за телефон кој работи на ,6GHz Snapdragon 400 процесор, има 8GB меморија, камера со резолуција од  8MP, екран со дијагонала од 4,7 инчи и резолуција 1,280×720 пиксели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top