| четврток, 6 декември 2018 |

Пет кривични пријави за дилери на дрога во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Н.(31) од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.02.2014 година, на ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола од страна на полициски службеници е извршен преглед на патничко возило „Даеву Рејсер“ во кое бил пријавениот и уште едно лице, при што кај В.Н. е пронајдено најлонско пакување со 0,36 грама марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Р.(21) од с. Ивањевци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.11.2013 година, од страна на полициски службеници е извршен преглед на пријавениот при што е пронајдено едно најлонско пакување со 1,2 грама марихуана.

ПС Струга поднесе кривична пријава против С.А.(34) од с. Туин, кичевско за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.10.2013 година, околу 20,00 часот на магистралниот пат Струга-Охрид пред с. Подмоље од страна на полициски службеници извршен е преглед на патничко возило „Голф“ управувано од пријавениот при што е пронајдено најлонско пакување со 0,13 грама кокаин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Л.(23) од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот во периодот на јануари и февруари 2014 година во повеќе наврати му продавал марихуана на лицето К.М. за паричен надомест од 300 денари кој на 14.02.2014 година во Битола на ул. „Доблеџик“ од страна на полициски службеници е забележан и при прегледот му е пронајдено 1,27 грама марихуана, а на 19.02.2014 година од страна на полициски службеници на ул. „Драгорска“ во Битола е извршен преглед над пријавениот при што му се пронајдени 37,4 грама марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.В.(32) од Битола за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во октомври 2013 година, од страна на полициски службеници е сопрено такси возило кај место викано „Кукуречанска раскрсница“ во кое бил пријавениот и при извршен преглед кај него е пронајдено најлонско пакување со 0,52 грама хероин. Во јануари 2014 година, во подрум од зграда на ул. „Прилепска“ од страна на полициски службеници се затекнати пријавениот и М.С. како конзумираат опојна дрога хероин, а при прегледот е пронајдено 0,27 грама хероин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top