| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели ја остави свршеницата

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели по само една недела помината во Англија ја оставил свршеницата Фани, и тоа поради британска манекенка.

Иако Фани важи за една од најубавите девојки и жени на фудбалерите, сепак тоа не било доволно за Балотели. Фудбалерот неколку пати ја прекинуваше врската со својата свршеница, но изгледа овој пат е конечно крај.

– Марио веќе им раскажал на пријателите дека прекинува со Фани. Се пофалил дека веќе има нова жена во неговиот живот, и дека се работи за манекенка. – изјавил изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top