Денеска од 13.00 часот во продажните места на „Југотон“ се пуштени во продажба 600 билети за натпреварот од СЕХА Газпром регионалната лига меѓу РК Вардар и РК Металург.
Билетите можат да се купат по цена од 120 денари.
Скопската публика ќе може да ужива во ракометните мајстории на Тимур Дибиров, Блаженко Лацковиќ, Сегеј Горбок, Арпад Штербик, Ренато Вугринец, Павел Атман и останатите великани на двата ракометни гиганти во дуелот закажан во салата „Кале“ со почеток во 20.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


