| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ешерихија коли водата на Водно забранета за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство изготви анализа и донесе решение за забрана за употреба на водата за пиење од општина Центар и тоа:

Јавна чешма – Жичара – Средно Водно; Јавна чешма – преливна цевка – Средно Водно; Јавна чешма – под Свети Јован – Капиштец и чешма – двор – шумска куќа – Средно Водно.

Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата.

Општина Центар напоменува дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top