| четврток, 6 декември 2018 |

Реприза на финалето Германија – Аргентина

По само 52 дена, денеска во Дизелдорф финалистите од последното Светско првенство во фудбал Германија и Аргентина, ќе одиграат пријателски натпревар.

Се очекува во двете селекции да недоставуваат по неколку играчи, кои го играа финалето на „Маракана“ во Рио де Женеиро.

Покрај овој дуел денеска ќе се одиграат уште неколку пријателски, кои се подготвителни пред почетокот на новиот циклус квалификации за континенталните првенства. Од ривалите од нашата група активна ќе биде само Украина која на домашен терен ја пречекува Молдавија.

Двојки на пријателски натпревари: Русија – Азербејџан, Литванија – Обединети Арапски Емирати, Украина – Молдавија, Летонија – Ерменија, Данска – Турција, Чешка – САД, Германија – Аргентина, Република Ирска – Оман, Мароко – Катар и Англија – Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top