Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, разговарала со косовските власти за апсењето на двајцата директни извршители на убиството кое пред речиси една година се случи кај Смилковско Езеро. Јанкуловска од косовските власти побарла итна постапка за екстрадиција на осомничените за петкратното убиство.
Таа на својот профил на „Фејсбук“ напиша:
„Колегата Бајрам Реџепи и во телефонски разговор ме извести дека вечерва косовската полиција уапсила две лица кои одговарале на описот и пред полицијата се претставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тие се осомничени за убиството кај Смилковско Езеро и по грозоморното убиство беа во бегство, а по нив трагаше и Интерпол. Со оглед на фактот дека лицата не поседуваат документи за потврда на идентитетот, ќе бидат направени сите неопходни проверки, и по целосното завршување на идентификацијата, во текот на утрешниот ден ќе излеземе со повеќе официјални информации. Во соработка со косовските власти ќе направиме сè што е потребно за нивна итна екстрадиција во Македонија“.
И косовската полиција го потврди апсењето. Портпаролот на косовската полиција, Арбер Бека, вели дека сè уште се работи на конечна идентификација на Демири и на Исмаиловиќ во соработка со македонските власти.
Африм Исмаиловиќ и Демири Алил биле уапсени вчера околу 19 часот. Сè уште нема информации дали полицијата ги привела по меѓународната потерница или, пак, сториле некое друго дело на косовска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


