Косово е државата од југоисточна Европа која има најголем број џихадисти во Сирија, јави дописникот на МИА од Тирана.
Бројот на косовските Албанци кои војуваат како џихадисти во Сирија се движи од 100 до 120 лица или 0,006 отсто од странците кои војуваат во Сирија, пренесува порталот Албеу, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.
Најголем број лица кои заминале да војуваат во Сирија од европските земји се од Велика Британија, Франција и Холандија.
– Еден од 6000 муслимани кои живеат во Велика Британија побегнале за да војуваат во Сирија, еден на 6.666 муслимани кои живеат во Франција заминале за Сирија и еден на 7.000 муслимани кои живет во Холандија исто така заминале за Сирија – стои во написот.
Има и муслимани од САД кои заминале во Сирија, но се во помал број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


