Со разни клевети и невистини, очигледно е дека Зоран Заев се труди само да го оцрни моето име, изјави денеска премиерот Никола Груевски по завршувањето на судското рочиште за процесот за клевета пторив лидерот на СДСМ.
За време на денешното судење лидерот на СДСМ, Зоран Заев целосно се повлече од тврдењата дека премиерот Никола Груевски бил дел од корупција во купување на акции од Македонска банка. Одговарајќи пред судот, Заев изјавил дека тој не тврдел, туку дека само поставувал прашања за можна инволвираност на Груевски.

– Денес кога Заев се најде пред судот со сите сили се обидува да докаже дека не го кажал тоа што всушност го кажа, туку искажувал основ за сомнеж. Напротив, тој секогаш категорично твдеше дека јас сум зел 1.5 милиони евра во кеш, а во некои наврати и 2,4 милони евра и дека сум татко на криминалот. Соочен со тоа дека нема докази на суд, соочен со фактот дека вчера неговиот клучен сведок го демантираше како последна надеж за спас, се соочува со неговото обвинување за клевета, па вели дека само искажал свое сомнение – изјави Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


