Куче спасило живот на девојче кое се изгубило во полето. Кучето не се одделувало од Малата Јулија која исчезнала вчера. Пронајдена е утрово во полето, неколку километри од нејзината куќа. Кучето лежело до неа кога пожарникарите ги пронашле. На температура од -5 , таа преживеала само благодарение на кучето кое не и дозволило да заспие и да смрзне надвор – велат пожарникарите.
200 луѓе цела ноќ трагале по Јулија. Ја нашле пожарникарите кои ја слушнале како плаче и ја вика мајка си. Јулија е во болница на опоравување од страшната ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.