Македонскиот интернационалец повторно го одбра омилениот број 19 за неговиот нов дрес со боите на турски Галатасарај. Струмичанецот го носеше овој број и во Лацио и Наполи, а на денешната промоција на новите играчи на клубот, тој ја покажа новата „19“.

– Дојдов во Галатасарај затоа што сум желен за нови титули. Досега сум ја почувствувал моќта на големите градски дерби дуели Рома – Лацио и Интер – Милан, а сега сакам да бидам дел и од еден од најпрепознатливите ривалитети на Стариот континент меѓу Галатсарај и Фенербахче – рече Пандев на денешната презентација пред турските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


