| четврток, 6 декември 2018 |

Бриселскиот дијалог „нема да биде мировен договор меѓу Србија и Косово“

srbija-kosovo-znameМинистерот без портфељ во српската Влада задолжена за европските интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, денеска изјави дека резултат од бриселскиот дијалог „”нема да биде мировен договор меѓу Србија и Косово“.

Јоксимовиќ оцени дека изјавата на косовскиот премиер на заминување Хашим Тачи, дека Косово и Србија треба наскоро да потпишат меѓудржавен мировен договор како вовод за втората фаза од дијалогот, повеќе е „наменета за внатрешната јавност“.

– Ми се чини дека, заради различните политички околности во Приштина, таквата изјава е повеќе наменета за нивната јавност и внатрешнополитичките случувања, рече таа во изјава за Танјуг и повтори дека крајниот резултат од дијалогот меѓу Белград и Приштина нема да биде мировен договор.

– Тоа не е форма која на кој било  начин е предвидена и затоа дијалогот и постои. Ниту ние, ниту некоја друга страна веројатно не би учествувале во нешто за што однапред ќе се знае каков ќе биде крајниот резултат, наведува таа.

Јоксимовиќ истакна дека за Белград бриселскиот дијалог е „најприфатливата форма во обидот да се пронајде решението кое, пред се, ќе ги задоволи интересите на нашата заедница на Косово“.

– Тоа што ние го гледаме како најважно е тоа да ги заштитиме и промовираме суштинските прашања од дневниот живот на нашите граѓани и тоа што за нив е најважно, рече  министерката заклучувајќи дека е тоа суштината, а не политичкото посакување на некоја форма, што едноставно „не е тема за нас“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top