| четврток, 6 декември 2018 |

Желбата на Киев за НАТО е против запирање на војната

lavrovУкраинските стремежи за приклучување кон НАТО се со цел да ги поткопаат напорите за запирање на војната во источниот дел од земјата, оцени Русија  и го повика Вашингтон да ги искористи своето влијание за да го „вразуми“ Киев.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посебно потенцира дека иницијативата на Киев за членство во НАТО дојде непосредно по средбата на претседателите на Русија и Украина за изноѓање решение на конфликтот меѓу украинската Влада и проруските сепаратисти.

– На тој начин „партијата на мирот“ се обидуваше и се уште се обидува да најде политичко решение на проблемот со преговори за сите фундаментални прашања пред кои се исправени Украинците, а во Киев „партијата на војната“ очигледно прави чекори кон поткопување на овие напори, рече Лавров на прес-конференција во Москва.

„Вашингтон и некои други европски престолнини активно ја поддржуваат и охрабруваат партијата на војната во Киев“, забележа Лавров и додаде дека „најважното нешто сега е партијата на војната во Киев да биде вразумена, а тоа во најголема мера може да го направи само Вашингтон“.

Украина и нејзините западни сојузници ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците, кои ги вооружува и им испраќа тенкови и војници, но Москва сето тоа го негира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top