Вчера во печките на фабриката „Југохром фероaлојс“ во тетовско Јегуновце, беа уништени вкупно 997 стебла канабис сатива.
Уништените стебла, на 12, 18 и на 23 минатиот месец биле пронајдени на три различни локации во Тетовско. Во атарот на Селце, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во местото Ѓусијал, во близина на Требошкиот канал, 815 стебла.
Уништувањето на стеблата го организираше и следеше четиричлена комисија на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


