Полицајци во двор во село Отовица, Велешко нашле 20 стебла од канабис сатица, растение од кое се добива марихуана.
Според МВР, вчера во 14 часот во село Отовица, Велешко, од страна на полициски службеници е извршен претрес во куќата и помошните простории на И.А. (35), каде што се пронајдени 20 стебла од растението канабис сатива и 20 грама непозната тревкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.