| четврток, 6 декември 2018 |

Докторот Смрт, по кого трагаше Интерпол, пронајден во Амстердам

Обвинителството за воени злосторства во Амстердам го лоцираше турскиот лекар Јусуф Сонмез, кого медиумите го нарекоа Доктор Смрт бидејќи е обвинет дека вадел органи од киднапираните Срби на Косово и Метохија, а веќе неколку години Интерпол има распишано потерница по него.

Сонмез бил лоциран благодарение на сведок-соработник, а српското обвинителство со него стапило во контакт преку е-пошта претставувајќи се како страна заинтересирана за купување бубрег.

– Сомнез е пронајден преку локатор пред неколку дена. Се наоѓа во Амстердам, а според податоците што се на располагање, ја напуштил Холандија иако е на листата на потерницата на Интерпол. Го пронајдовме и неговиот веб-сајт, официјалните страници, а стапивме во контакт со него преку е-пошта, и тоа така што баравме бубрег за трансплантација – велат упатените.
– Веднаш го известивме Џонатан Рател, главниот обвинител на Еулекс на Косово и на Метохија, а сега останува на нив да постапат. Сонмез е првообвинет во случајот „Медикус – трговија со органи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top