
Марко Миличев
Дваесет и три годишниот Марко Миличев кој е осомничен дека со својот автомобил удрил момче, а потоа побегнал од местото, по подолга потрага од страна на полицијата е пронајден и уапсен во Кина.
Миличев на 25 јули на Бранков мост во Белград со своето возило го удрил и усмртил 21-годишниот Лука Јовановиќ, по што се дал во бегство, преку Истанбул стигнал до Кина. Откако му истекла визата тој бил уапсен и е задржан во притвор во Хонг Конг поради потерницата која по него ја распиша српската полиција.
До несреќата дошло откако Лука во раните утрински часови со своите пријатели се враќал од град, кога на Бранков мост нивниот автомобил се расипал. Во моментот кога излегувале од расипаната „лада“ на нив налетал „мини кантримен“, управуван од Миличев, кој без да застане и укаже помош бега од местото. Со него во автомобилот се наоѓале уште три лица, со кои, како што посведочија пред судот, Миличев се упатувал кон ноќен клуб.

Распарчениот автомобил Миличев го дал во автомеханичарска работилница каде брзо е расклопен, а деловите распродани, по што тој бега од земјата.
Полицијата ги уапси останатите учесници во сообраќајката, со чии изјави била склопена целата случка од таа вечер.
Веднаш по загинувањето на неговиот син, во време кога ни автомобилот ниту пак возачот кој го убил неговиот син не биле пронајдени, таткото на Лука со денови седеше на Бранков мост со сликата од неговиот син, со овој тивок протест апелирајќи до полицијата и надлежните да се заложат повеќе околу случајот на Лука Јовановиќ.

Сите детали на „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


