Иако септември се посочуваше како одлучувачки месец, можноста за нова средба на релација ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ стана уште понеизвесна откако премиерот Никола Груевски ја повреди ногата, така што треба да ги редуцира своите активности во наредните три недели.
ДПА и СДСМ бараат “мој термин” за враќање во Собрание. Враќањето на ДПА од парламентот, нема да се решава во ист пакет со СДСМ, чии пратеници веќе четврти месеци ја бојкотираат работата на Собранието. Иако, од минатата недела и ДПА почна со бојкот, по тепачката со претставници на владејачката ДУИ, познавачите велат дека овој случај не е ист со тој на социјалдемократите, бидејќи не се исти причините за отсуството на пратениците од двете партии.
ДПА се уште не излегува со конечен став околу бојкотот, дали тоа ќе биде привремено или трајно решение, што како можност ја најави партискиот лидер Мендух Тачи. Тој рече дека финалната одлука ќе биде донесена откако ќе се консултира со меѓународни фактори.
Од ДУИ повторија дека подале рака за помирување и додаваат дека немаат намера да иницираат нов чекор во таа насока бидејќи на потег е партијата на Тачи.
– Kонсултациите што ги најави претседателот се во тек, а веројатно ќе има и уште едно внатрепартиско премерување пред да се донесе конечната одлука како ќе дејствуваме. Ситуацијата е деликатна зашто сме убедени дека станува збор за испланиран инцидент од ДУИ за отстранување на опозицијата од парламентот – вели функционерот на ДПА.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека понудата до СДСМ за враќање во Парламентот и за разговори за надминување на парламентарната криза и натаму е отворена, но нема одговор до кога може да се одржува статус кво ситуацијата со оставките на 31 пратеник, што Собранието не ги констатира веќе два месеци. Поради тоа, во овој момент мали се шансите за заедничка средба на лидерската четворка.
Иако септември се посочуваше како одлучувачки месец, можноста за нова средба на релација ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ стана уште понеизвесна откако премиерот Никола Груевски ја повреди ногата, така што треба да ги редуцира своите активности во наредните три недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


