Девет македонски државјани биле депортирани од Косово. Истите платиле по 300 и 150 евра за да бидат превезени во Германија со намера таму да побараат азил.
Според информациите на МВР, на 21-ви август, на граничниот премин „Долно Блаце“биле депортирани девет македонски и еден српски државјанин поради илегален влез во Косово.
По преземени мерки било утврдено дека лицето Ф.Б. (30) од Гостивар, во претходен договор со лицата за сума од 300 евра за возрасен и 150 евра за деца се обидел да ги превезе до Германија со цел да побараат азил, по што на 20-ти август, преку неотворениот премин „Станчиќ“ со возило „форд транзит“ успеале илегално да ја преминат државната граница.
Против Ф.Б. полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


