Судот во Индија го одобри барањето за развод на еден тамошен жител врз база на тоа што неговата сопруга имала „незапирлив апетит за секс“, пренесуваат индиските медиуми.
Maжот барањето го поднел уште во јануари во судот во Мумбаи. Напишал дека сопругата му е однесува агресивно и авторитативно и да го злоставува со сексуални побарувања уште откако се венчале во aприл 2012 година
Тој вели дека сопругата го терала да пие таблети за зголемување на сексуалната моќ и дека поради тоа завршил на болница.
– Таа претставува опасност за неговиот живот и за неговиот пенис. Со нејзиното сурово однесување му го претвори животот во пекол – напишал адвокатот во барањето за развод.
Бидејќи сопругата ниеднаш не се појавила на закажаните рочишта, судот го прифатил барањето и ги развел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.