| четврток, 6 декември 2018 |

Кардинал призна сексуална непослушност

CARDINAL KEITH O'BRIEN

Кардинал призна сексуална непослушност. Се работи за кардиналот Кит Обрајан, кој беше присилен одстрана на папата да даде отказ. По минатонеделниот притисок од папата, тој посочи дека изминатите неколку дена ги оспорувал гласините против него бидејќи биле  анонимни. На крај решил да признае:

-Сакам да ја искористам приликава да признаам дека во повеќе наврати моето сексуално однесување испадна под очекуваните стандарди за отец, архиепископ и кардинал.

Тој ја призна вината за сексуална непослушност додека бил отец и 10 години како кардинал, меѓутоа не откри други детали. Обрајан побара прошка на сите „навредени“ , како и од католичката Црква и Шкотите. Најави дека ќе се пензионира и повлече од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top